Фудбалерите во Премиер лигата одлучија, најдобар е Салах

1 min read

фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за фудбалер на сезоната во изборот на асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА).

Салах беше прогласен за најдобар во конкуренција од Кевин Де Брујне, Кристијано Роналдо, Хари Кејн и соиграчите Вирџил Ван Дајк и Садио Мане. Египетскиот репрезентативец во штотуку завршената сезона во Премиер лигата во која Ливерпул го освои второто место, постигна 25 голови и имаше 13 асистенции.

Ова е втора награда за Салах која му ја доделува ПФА за играч на година со што се израмни со Марк Хјуз, Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Алан Ширер, Тиери Анри и Кевин Де Брујне.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде актот за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

Следно

Мајка (29) го роди својот осми син: Нема да престане да има деца додека не добие девојче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian