ФОТО+ВИДЕО | Тони Цетински пресади коса и целосно го промени својот изглед

1 min read

Хрватскиот пејач Тони Цетински го прослави 53-тиот роденден и го покажа својот нов изглед по третманот за трансплантација на коса.

Во студиото снимал нов сингл, а соработниците го изненадиле со голема торта.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тој на својот инстаграм-профил објави видео во кое ја гаси свеќата и констатира низ смеење: „И  само една желба, нема друга!“.

Во видеото се гледа промена во неговиот изглед. На снимката навистина се гледа дека тој има повеќе коса од кога и да е, откако поминала постапката за трансплантација.

Пејачот од Ровињ кон крајот на минатата година најави дека се подготвува за процедурата за трансплантација. Тој отворено зборуваше за целата постапка, а сега се гледаат и вистинските резултати, особено кога се споредува актуелното видео со она од февруари годинава.

„Одамна имав желба да одам на трансплантација на косата и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на Хрватска. Малку глумам дека ме боли. Сè ќе биде во ред”, Цетински напиша по постапката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Верните обожаватели на Тони Цетински од почетокот на неговата кариера го паметат по долгата коса и локните.

Но, поради високите залистоци беше јасно дека Тони нема да има среќа долго да ја задржи косата, па склоноста кон ќелавост беше видлива низ годините што следеа.

ФОТО | Тони Цетински откри дека бил на трансплантација на косата, ги објави првите фотографии

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бурно било на тренинзите на Баерн: Јас дадов 40 гола, а не ти

Следно

Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде актот за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian