ФОТО | Се омажи помалата сестра на Натали Грубовиќ: Во светкав фустан и балетанки

1 min read

Помалата сестра на познатата македонска манекенка и лото-девојка Натали Грубовиќ, Марија Грубовиќ, синоќа направи свадба за паметење.

Атрактивната Марија, облечена во светкав мини фустан и балетанки, го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Бојан, со кого подолго време е во врска.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На свадбената прослава беа блиските на Марија, меѓу кои се издвојувале нејзините сестри Натали и Радица.

Натали на својот инстаграм-профил објави фотографија со убавата Марија на која напиша: „Најубавата невеста“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ниту сестрите на невестата не заостанувале во гламурозниот изглед – Натали носела фустан во популарната розова боја, а Радица долга тоалета со цветови.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Дека веселбата била на највисоко ниво, покажуваат фотографиите, а невестата во еден момент дури и запеала на својата венчавка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Париската полиција се извини за пропустите пред финалето во ЛШ

Следно

Најбогата партија во Европа ќе стане најсиромашна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian