Ердоган со предупредување до Грција доколку продолжи со вооружување на островите во Егејот

1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите во Егејското Море и да ги почитува меѓународните договори.

Грција треба да „избегнува соништа, изјави и постапки за кои може да зажали”, рече Ердоган за време на воени вежби на западниот брег на Турција, во кои учествуваат и воени сојузници на турската армија.

„Приберете се. Не се шегувам”, рече Ердоган во изјавата упатена до Атина, посочувајќи дека Грција спроведува вежби и армиски маневри на армијата, со учество на единици на НАТО и на трети држави на острови што немаат воен статус.

Таквите потези „би можеле да имаат катастрофални последици”, предупреди Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се воздржи од преземање активности според меѓународните договори, без притоа да го дообјасни својот стгав.

Милитаризацијата на грчките острови на истокот на Егејското Море е забранета со Договорот од Лозана од 1923 и Парискиот договор од 1947 година.

Атина тврди дека војниците биле распоредени за заштита од бродови што доаѓаат од западниот брег на Турција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривични пријави против четворица скопјани за сторени 30 кривични дела

Следно

Моторциклизам: Трките на островот Ман сезонава однесоа три жртви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian