Чурлинов: Да ги „средиме“ главите и да одиме на победа во останатите натпревари

1 min read

Селекцијата на Македонија го доживеа првиот пораз во новото издание од Лигата на нации, загуби од Грузија со 3:0 и драстично ги намали шансите за освојуавање на првото место во групата 4 во Дивизијата Ц.
Напаѓачот Дарко Чурлинов по натпреварот изјави дека Македонија мора да оди на победа во преостанатите три натпревари без разлика на состојбата на табелата.

– Направивме две-три грешки кои Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар овој месец на кој сакаме да победиме. Ни недостигаше завршницата пред нивниот гол, на вакви натпревари мора да се анализираме себеси подобро и да се концентрираме на следниот натпревар. Ни преостанува на нас дали ќе ги средиме главите и ќе излеземе на терен по три поени  – рече Чурлинов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ленче Ристоска: Задоволни сме од пресудата за „Талир 2“, се докажа дека тоа е корупциски предмет

Следно

СДСМ прв предложи една изборна единица во државата, ние бевме пионери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian