Бурно било на тренинзите на Баерн: Јас дадов 40 гола, а не ти

1 min read

Сапуницата околу Роберт Левандовски и неговото заминување од Баерн Минхен се уште трае, а полека почна да излегува валканиот веш од соблекувалната на германскиот шампион.

На еден од тренинзите на баварците, дошло да непријатна дискусија меѓу Левандовски и тренерот Јулијан Нагелсман.

Весникот „Билд“ пренесува дека Нагелсман на тренингот сака да ја поправи ефикасноста на фудбалерите кои играат на крилните позиции и поради тоа го повикал Левандовски на страна и му зборувал како да се поставува при центаршутевите. На Полјакот кој е најдобар стрелец на екипата, тоа не му се допаднало и наводно му дофрлил на својот тренер:

– Јас дадов 40 гола во една сезона, а не ти.

Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен до 2023 година, но во неколку наврати јавно изјави дека веќе заврши со германскиот тим и сака летово да си замине.

Одличниот напаѓач е во Баерн Минхен од 2014 година и освои осум титули во Бундеслигата, една во Лигата на шампионите и на 375 натпревари даде 344 гола и имаше уште 72 асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Денешните и вчерашните изјави не би ги земал како референтни бугарски ставови

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Тони Цетински пресади коса и целосно го промени својот изглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian