Бритни Спирс денес ќе се омажи за својот вереник Сем Асгари на интимна церемонија која наводно ќе се одржи денес.
Извори блиски до пејачката за „TMZ“ велат дека парот денес ќе се венча, а на церемонијата ќе присуствуваат само ексклузивни гости – околу 100 луѓе. Им било кажано дека братот на Бритни Спирс – Брајан, ќе бил меѓу присутните гости – но нејзината мајка, татко и сестра Џејми Лин наводно нема да биле таму.
Изворите велат дека сè уште не е одлучено кој ќе ја однесе Бритни пред олтарот, затоа што сè уште се разработуваат последните детали.
Бритни објави видео со Сем додека се возат низ градот и пијат шампањ во Ролс-Ројс, а ѕвездата воедно ги покажува и своите нокти.
Венчавката наводно била планирана со месеци… Сем ја запроси Бритни уште во септември, набргу откако беше фотографиран како купува прстен.
Бритни и Сем имаа и меден месец. Тие беа во Кабо, Канкун, Лас Вегас и Хаваи каде возеа џет скии, резервираа луксузни апартмани и вечераа во најсовремени ресторани.
Не е познато што ќе облече Бритни за големиот настан, но таа се пофали дека Донатела Версаче ја посетила во март – па може да биде одлично навестување за тоа кој ја дизајнирал нејзината венчаница.
Бритни јасно стави до знаење дека сака да се омажи, да купи куќа и да има деца по завршувањето на контроверзното старателство што нејзиниот татко го имаше над неа тринаесет години.