Адвокатите на Деп најавија дека тој можеби нема да бара отштета од Херд: Никогаш не беше за парите

3 mins read

Адвокатите на Џони Деп во средата навестија дека холивудската ѕвезда можеби нема да бара исплата од 10,4 милиони долари од неговата поранешна сопруга Амбер Херд, инсистирајќи дека е задоволен со својата апобеда со која конечно ќе си го „обели“ образот.

„Очигледно не можеме да ја откриеме комуникацијата адвокат-клиент, но како што сведочеше г-дин Деп, ова никогаш не беше за пари“, изјави еден од адвокатите на актерот, Бен Чу за „Good Morning America“ на прашањето за стравот на Амбер дека нема да може да исплати отштетата. „Се работеше за враќање на неговата репутација – и тој го направи тоа. Тоа беше целосна победа за Џони“, внимателно рече Џу.

џони деп
Адвокатите Камил Васкез и Бен Чу / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во засебно интервју во живо на шоуто „Today“ во средата, Џу исто така ја отфрли можноста актерката да се обиде да поднесе жалба за одлуката.

„Се чувствуваме многу уверени дека нема грешки што би оправдале каква било успешна жалба“, рече тој.

Адвокатката Камил Васкез, која и самата стана славна личност и оваа недела доби унапредување во нејзината адвокатска канцеларија, го нарече „разочарувачки“ тоа што тимот на Херд ја нарече победата удар за правата на жените и движењето „#MeToo“, додавајќи дека победиле „користејќи ги нејзините зборови против неа“.

камила васкез
Адвокатката на Деп, Камила Васекз / Фото: EPA-EFE/STEVE HELBER /

„Клучот за победата беше фокусирањето на фактите и доказите и можноста Џони да ја каже вистината за првпат. Секое поставено прашање беше поврзано со нешто што таа го кажа претходно. Веруваме дека доказите зборуваат сами за себе, поротата донесе едногласна одлука врз основа на тие факти“, изјави таа.

џони деп
Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

И двајцата ги отфрлија сугестиите дека социјалните медиуми имале влијание врз седумте поротници од Вирџинија во процесот на донесување одлуки. Чу, исто така, истакна дека е „апсурдно и неосновано“ да се сугерира дека огромната поддршка што Деп ја добива на интернет е дел од оркестрирана кампања. На отворено прашање дали тимот на актерот помогнал да се зголеми поддршката, или дури платил за тоа, Васкез рече дека таквите тврдења се „категорично лажни“.

„Џони имаше свои проблеми. Беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата. Беше искрен за работите што ги правеше. И мислам дека тоа беше контраст со г-ѓа Херд, која не презеде одговорност за ништо“, посочи Чу.

 

Повеќе написи на темата:

 

Амбер Херд одговори на тикток-видеото на Деп: Додека одите напред, правата на жените одат назад

 

ФОТО | Вели дека нема пари да ја плати отштетата на Џони Деп: Погледнете во каков луксуз ужива Амбер Херд

 

Поротник од судењето откри: Вака Амбер Херд ја „уловивме“ во лага!

 

Кој сакал да ѝ помогне? Покрената акција за собирање пари за Амбер Херд, уплатите набргу се прекинати

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГРК Охрид се засили со Василевски и Бошковски

Следно

Мизрахи до власта: Ја замолчувате Комисијата за никогаш да не се дознае за несреќите на Беса транс и на модуларната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian