Абазовиќ: Украина треба да добие статус на кандидат за членство во ЕУ

1 min read

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека очекува Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Се надеваме дека Украина ќе добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес е подготвена да ја даде потребната професионална и политичка помош“, рече Абазовиќ.

Тој потсети дека Црна Гора ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина и рече дека од самиот почеток отворено ја поддржува независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според црногорската влада, Зеленски го поканил Абазовиќ да го посети Киев што е можно поскоро, што црногорскиот премиер го прифатил и рекол дека ќе им предложи на лидерите од Западен Балкан заедно да го посетат главниот град на Украина и да го поддржат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богоев тврди: Паркетот во „Белата палата“ е ист како во премиерскиот кабинет

Следно

Шпанија и Португалија без проблеми, Србија ја освои Шведска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian