ВИДЕО | Литовски: Крсте Црвенковски е онаа златна генерација на македонската државност

2 mins read

Минатата година се навршија 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски, еден од најголемите македонски политичари и дисиденти, но поради пандемијата вчера беше одбележана оваа годишнина со расправа во МАНУ.

-Кристе Црвенковски е онаа златна генерација на македонската државност, бидејќи тоа се луѓето кои што ја конституираа македонската држава и ги поставија сите оние институции, државни и национални, за една држава да може да се нарече држава и една нација да може да се нарече нација. Тоа е периодот 1945-1991 година, и секако Крсте Црвенковски е еден од тројца-четворица највисоки личности и е еден од најзаслужните за оваа држава како што ја знаеме сега, рече историчарот Александар Литовски во гостувањето во Утрински брифинг.

Според Литовски, Крсте Црвенковски е човек кој влезе во движењето на либирализам во СФРЈ, залагајќи се за поголема самостојност на републиките во рамките на федерацијата и поради тоа бил прогонет.

-Во таа смисла тој е малку обработен. Веројатно во други држави, за такви врвни личности, како што е Крсте Црвенковски, Колишевски, Мито Хаџи-Василев, ќе се обрне повеќе внимание и тие се личностите кои ја правеле оваа држава, вели Литовски.

Тој се осврна и на вчерашното апсење на пејачот Ламбе Алабакоски за сторено кривично дело – палење на Центарот за култура Иван Михајлов во Битола.

-Изненадување е што Ламбе Алабаковски го запали центарот Ванчо Михајлов. Кај нас е проблемот што се се партизира. Во јавноста се прави фама што едните бранат, а другите напаѓаат. Многу веројатно е дека нашите служби и нашите државни институции не работат. Тука мислам пред се на нашите безбедносни служби, разузнавање и контраразузнавање, како и на македонската дипломатија. Целиот процес со Бугарија, како и претходно со Грција се води аматерски, вели Литовски и додава дека вакви работи се недозволиви да се случуваат.

-Отворањето на вакви клубови се типични провокации, смета Литовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова пандемија е неизбежна: Лекарите откриваат како да се подготвите, а можеби и да ја спречите

Следно

Украина го бара од Израел системот „Железна купола“ и ракети „Спајк“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian