Вархељи: Регионот има потенцијал за економска соработка

1 min read

Мини шенген како што во минатото лидерите го нарекуваа или денес „Отворен Балкан“ е инзворедна иницијатива која докажа дека сега, повеќе од кога било, отпорност на кризите може да има само преку соработката, рече на денешниот Самит на „Отворен Балкан“ во Охрид еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи.

– За мене ова е позитивна иницијатива, ова е иднината која може да се создаде денес што ќе ни ја покаже светлата иднина, нагласи Вархељи.

Денеска во Охрид почна официјалниот дел од Самитот на иницијативата Отворен Балкан на кој учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски, како и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија во својство на посматрачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѕвездата на „Гранд“ Исак Шабановиќ: За месец и пол ослабев 20 килограми, а јадев дури и ќебапчиња!

Следно

32 објекти под надлежност на Град Скопје добија сертификати за енергетска ефикасност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian