Украинка ја прослави матурата меѓу урнатините на нејзиното училиште

1 min read

Млада Украинка се вратила во урнатините на своето уништено средно училиште во фустан што го подготвила за матурската вечер…

Украински матурант во фустан дојде меѓу урнатините на училиштето на денот на матурата

Вчера на официјалниот твитер-профил на шефот на Центарот за граѓански слободи во Украина се појави приказната на Ана Епишева, која сподели фотографија од нејзината внука во црвен фустан.

„Мојата внука оваа година требаше да заврши средно училиште. Таа и нејзините пријателки купуваа фустани и со нетрпение го чекаа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите“, започна таа.

 

„Нејзиното училиште е уништено. Денеска се врати во она што остана од училиштето“, напиша таа во описот на фотографијата.

На фотографијата се гледа младата девојка во раскошен фустан во светло црвена боја, зад која се гледаат огромните урнатини на зграда која некогаш била нејзино училиште.

Фотографијата стана вирална на „Твитер“ и беше споделена повеќе од 7,630 пати за само еден ден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Македонија ќе се прашува за резултатот во дуелот со Грузија 

Следно

Ковачевски на крајот на самитот во Охрид: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian