Украина го бара од Израел системот „Железна купола“ и ракети „Спајк“

2 mins read

Украина сака да го купи израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ и Израел да го одобри трансферот на својот противтенковски наведуван ракетен систем „Спајк СР“ од Германија во Украина, изјави украинскиот амбасадор во Израел, Јевхен Корнијчук.

-Минатата недела, врз основа на она што со сигурност го знам, Американците дадоа дозвола ракетите „Спајк“ да бидат префрлени од Германија во Украина, но Израел рече не, рече Корнијчук, истакнувајќи дека Берлин сака да направи трансфер, пишува израелскиот весник „Џерусалим пост“.

Како што се наведува, со ова се потврдија претходните информации дека Израел одбил да го потпише трансферот на својот противтенковски одбранбен систем, што го произведува израелската компанија „Рафаел“.

Компанијата веќе продаде противтенковски наведувани ракети од петтата генерација „Спајк“ на 18 членки на Европската унија и НАТО, наведува израелскиот весник.

Корнијчук, кој штотуку се врати од Украина, каде имаше увид од прва рака за војната на Русија против неговата земја, изрази незадоволство од одбивањето на Израел да обезбеди воена помош за Киев, вклучително и неговото одбивање да ги лекува украинските војници во нивните болници.

Израел не е фокусиран на војната, Украина е речиси целосно отстранета од израелскиот печат, а таквото отсуство на воени вести, според украинскиот амбасадор, е показател за непријатноста на израелската влада од војната, бидејќи, смета тој, „полесно е војната да се стави во втор план“.

-Сакам израелската Влада да се оддалечи од својата комфорна зона и да се врати во реалноста. Од Израел бараме одбранбена опрема, како што е „Железната купола“, и слично. Како што Израел го штити својот народ во Појасот Газа од огнот на Хамас, така и ние мора да ги заштитиме нашите граѓани, жени, деца и мажи, изјави украинскиот амбасадор на прес-конференција во Тел Авив, наведува „Џерусалим пост“ .

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Литовски: Крсте Црвенковски е онаа златна генерација на македонската државност

Следно

Европска сребрена лига: Шансите на одбојкарите се минимални, но мотивација не недостига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian