Откако во јавноста се појави веста за резултатите од обдукцијата на српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ, а според која е утврдено дека смртта настапила поради воспаление на срцевиот мускул, неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, во својата прва изјава за медиумите дека не добил никакви наоди.
Да потсетиме, со хемиско-токсиколошката анализа е утврдено дека Видое Ристовиќ во моментот на смртта бил алкохолизиран, во крвта имал 2,83 промили алкохол . Откриено е и дека консумирал лекови од групата седативи кои не биле во токсична концентрација, односно не биле во концентрација што може да предизвика смрт.
Миша Гроф, таткото на покојниот Видое, уште еднаш се огласи откако медиумите ги објавија резултатите од обдукцијата, изразувајќи сомнеж за вистинитоста на тие наоди.
– Не знам како се појавија тие наоди мојот син кога мене во полицијата ми рекоа дека дури за два месеца ќе се знае што и како. Разговарав со началникот на УКП, кој ми објасни дека сè уште не може да среди сè. Верувајте ми, не знам какви се тие наоди и дали се во ред. Сега за сè ќе се распрашам, па ќе имам увид во ситуацијата. Не верувам дека нешто се појавило, а никој да не ме контактира, сигурно и вам ви е тоа нелогично“, изјавил Миша Гроф за „Република.рс“.
Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград
Таткото на Видое Ристовиќ: Мојот син не почина во текот на интимен однос!
Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени во бессознание во нивниот дом