Србија го потврди обвинението против хрватските пилоти во операцијата „Бура“

1 min read

Казнениот совет на Вишиот суд во Белград денеска го потврди обвинението против група хрватски воени лица поради воено злосторство врз цивилно население на Петровачкиот пат во местото Сводна 1995 година, соопшти денеска Вишиот суд.

„Испитувајќи го обвинението на Обвинителството за воени злосторства, казнениот совет е со став дека доказите и податоците собрани во денешниот текот на постапката овозможуваат доволен темел за заклучок за постоење оправдано сомневање дека осомничените преземале дејства од описот на казненото дело кое им се става на товар“, наведно е во соопштението.

Инаку, обвинението на 31 март е поднесено против припадникот на хрватското воено воздухопловство, поради, како што наведува, оправдано сомнение дека извршиле воено злосторство против цивилно население.

Вишиот суд во денешното соопштение објасни и дека се исполнети неопходните материјални услови за обвинение во овој случај, а одлуката е донесена на седницата на советот одржан на 4. јуни.

Против решенијата за потврдување на обвинението обвинетите и нивните бранители можат да поднесат жалба во рок од три дена од денот на приемот на решението.

Бројни хрватски политичари оценија претходно дека Србија нема основа за покренување на обвинение против хрватските пилоти за злосторства над цивилите во операцијата Бура зошто тие настани веќе ги истражија различни организации, меѓу кои и Хашкиот трибунал за воени злосторства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тројца осомничени за злоупотреби и фалсификувања при регистрација на автомобили во Скопје

Следно

Таткото на Видое откри што му рекол началникот на полицијата по наодите од обдукцијата: Сè е нелогично, ќе се распрашам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian