Социјалните претпријатија – спас за луѓето кои живеат „на работ“ на егзистенцијата

4 mins read

Стотина претпријатија во Македонија се занимаваат со социјална економија. Главните области на нивната економска актовност се: образование, туризам и спорт, земјоделски услуги, занаетчиски работи, продажба на производи, социјални услуги итн. Еден од наjважните аспекти на социјалните претпријатија е нивната иновативност, па така активностите се често невообичаени како на пример изработка на облека за лица со попречености, биохумус, производи од лаванда, ангажирање на пензионирани професори како обучувачи на деца… Тие вработуваат во најголем дел лица кои се долгорочно невработени, лица со попреченост, Роми, самохрани родители, лица кои немаат образование, жртви на домашно насилство итн.

Во моментов се работи на подготовка на Законот за социјални претпријатија кој ќе ги адресира проблемите на социјалните претпријатија – дефинирање на потребните критериуми за да се регистрираат како социјални претпријатија, постоење на законска рамка за да можат непречено да функционираат (од што потекуваат и други придобивки, како на пример пласман на навните производи и услуги), финансиски придобивки – со фискални и парафискални придобивки итн. Законот ќе овозможи поголем кредибилитет на социјалните претпријатија и зголемена привлечност на истите како модел на старт ап, снабдувач на улуги и како можност за инвестирање.

Според информации на Европската Комисија, бројот на социјални претпријатија во Европската Унија и во Светот расте од година во година. Во ЕУ има приближно 397.000 социјални претпријатија со тоа што бројката е различна од една до друга земја заради различните дефиниции и законските рамки.

Денес, социјалната економија во ЕУ обезбедува повеќе од 13,6 милиони платени работни места, вклучува над 82,8 милиони волонтери и 232 милиони членови.

Кај нас во моментов има усвоена Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија која  ги дефинира основните цели и активности за периодот 2021-2024 година, со цел да се создаде правна, финансиска и институционална рамка за развој на социјалните претпријатија. Целта на стратегијата е развој на одржлив еко-систем кој ќе биде поттикнувачки и овозможувачки за социјалните претпријатија во земјава. Таа предвидува мерки и активности кои се групирани во четири стратешки приоритети: Креирање на кулутура на социјално претприемаштво; Развој на капацитетите на социјалните претпријатија и на актерите во еко-системот; Развој на пазари за социјалните претпријатија и  Градење на финансиски еко-систем за социјалните претпријатија.

За некое претпријатие да се дефинира како социјално истото треба да има континуирана активност на производство и продавање на проиводи или услуги, да има конкретна социјална цел и социјален импакт, профитот да го реинвестира во социјалното претпријатие, како и да се транспарентни и отчетни во своите одлуки.

Социјалните претпријатија значително помагаат во намалувањето на сиромаштијата и на невработеноста, тие можат да бидат надополнување на пазарот на труд во економии каде има недостиг на млади кадри кои се отселуваат од земјата. Тие влијаат на унапредување на конкурентноста на економијата, зачувување на ресурсите, вреднување на наследството и на биолошката разновидност и подобрување на квалитетот на животот во целина.

Проектот е финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. Целта на проектот е да обезбеди поддршка на долгорочни и одржливи можности за вработување и бизнис за ранливите и маргинализираните групи. Односно, проектот треба да воспостави структури за поддршка на социјалните претпријатија кои ќе обезбедат низа услуги како трансфер на знаење и директна поддршка за градење капацитети, формално и неформално образование и обука, бизнис коучинг, организирање на настани, споделување на канцелариски простор или опрема.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Палачинки со кокос и јагоди, незаменлива комбинација за летните денови

Следно

Тројца осомничени за злоупотреби и фалсификувања при регистрација на автомобили во Скопје

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian