Собраниски игри на кондиција: Опозицијата со блокади, Џафери со полноќни сеанси и

5 mins read

Во Собранието, власта и опозицијата играат на кондиција кој е поиздржлив, дали ВМРО-ДПМНЕ во практицирањето на активната блокада, или мнозинството во намерата парламентот да функционира. Епилогот од битката помеѓу власта и опозицијата е на грбот на граѓаните, бидејќи купишта закони чекаат на усвојување, по два дена се губи да се донесе дневен ред на седница додека пратениците го арчат времето во процедурални забелешки, долги дебати, немање кворум за работа и во паузи.

И додека ВМРО-ДПМНЕ го обвинува претседателот на Собранието Талат Џафери дека не е способен да го менаџира Собранието и дека се изживува со пратениците со седници до 3 часот по полноќ, од власта не само што најавуваат ноќни сеанси, туку и работни викенди за да стасаат со законите.

Ароганцијата, суетата и инаетот на Талат Џафери повторно доведе до тензична атмосфера и непродуктивност на Собранието. Собранието работеше до 3 часот по полноќ, но очигледно залудно. Се потроши драгоцено време кое наместо да се употреби за гласање и носење на законски решенија за излез од оваа беда и хаос, Џафери го потроши само за да ја задоволи сопствената суета. Македонската јавност можеше да забележи дека додека пратениците на ДУИ и СДСМ не беа на работа и не беа присутни во Собранието. Џафери упорно се обидуваше да демонстира доминација и самоволие, кои за среќа завршија неуспешно бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа истрајни во својата намера и не му дозволија на Талат Џафери да успее во својата намера – реагира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по седницата која траеше до раните утрински часови.

Според Мицевски, иако се дискутирало за испраќање на припадници на АРМ на мисија во Босна и Херцеговина, одлуката не се изгласала, а Џафери ја отворил втората точка од дневниот ред за кусо потоа да ја прекине седницата во 3 часот по полноќ.

Ова е 10-та седница со отворена точка и прекината седница на средина на дискусијата. Тоа е недозволиво однесување на претседател на Собрание и приватизирање на Законодавниот дом од страна на Џафери. Очигледно, Џафери не е во состојба и не е способен да води седници и да ја менаџира работата на Собранието согласно Деловникот – смета Мицевски.

Мнозинството обвинува дека опозицијата ја кочи работата на Собранието со процедурални забелешки, со барања за паузи, нови точки на дневен ред, многу говорници и долги беспредметни дискусии за прво, да не може да се усвои дневениот ред на седниците и второ, за да се блокира носењето на законите. Пратениците од СДСМ, пријавувањето за збор на дури 18 говорници за точка која е протоколарна го оквалификуваа како политичка агресија и забалежаа оти говорницата најмалку ја користат за да зборуваат за точката која е на дневен ред. Поради активната блокада на опозицијата, мнозинството е решено ноќните сеанси да станат пракса во Собранието, но и пленарни седници да закажува во викендите.

Надмудрување помеѓу власта и опозицијата имаше и на вчерашната седница. Мнозинството се најде во ситуација лидери на партии и пратеници како Али Ахмети, Мендух Тачи, Изет Меџити кои инцидентно доаѓаат на собраниски седници и тоа за гласање на побитни закони или кога Уставот е во прашање, од Зајас и од Тетово да ги „носи“ во Собранието за да обезбедат кворум за гласање на дневен ред на седница. И таман кога власта обезбеди кворум, опозицијата побара еден час пауза. Од друга страна, не попушта ни Џафери, кој ги користи сите механизми седниците да почнат и законите да се згласаат.

По ноќната сеанса, Џафери денеска откако час и половина ги чекаше пратениците, не успеа да обезбедси кворум за почеток на нова седница. Иако во Собранието беа присутни 97 пратеници, Џафери ја прекина седницата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ одби да влезе во пленарната сала. Меѓу точките на дневен ред на новата седница е и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Поради него го остави сопругот, а тој се самоуби: Принцезата Марта Лиуз се сврши со самопрогласениот шаман

Следно

Карпош ќе добие мобилна апликација за мерење на аерозагадување и алергенси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian