Регистрирана фондација „Заев – Едно општество за сите“, основачи се Зоран и Вице Заеви

1 min read

Поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат, бизнисменот Вице Заев, денеска регистрирале фондација наречена „Заев – Едно општество за сите“, објави „Фокус“.

Директор на фондацијата е Зоран Заев, а според она што е наведено како нејзина дејност, таа ќе врши „активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница“ во Струмица.

Цели на фондацијата се креирање на „Заев социјално-хуманитарна програма“, „Заев солидарно – инклузивна програма“, „Заев конгрес центар“, „Заев програма за животна средина“, „Заев академија на јавни политики“, „Заев спортско-рекреативна програма“, „Заев мото-рели“…

Идејата за формирање на фондација Заев ја најави во март на дипломатскиот форум во Анталија. Најавено беше дека во тимот на фондацијата ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и други поранешни функционери, актуелни интелектуалци, професори, бизнисмени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што им носи ретроградниот Сатурн во Водолија на сите хороскопски знаци

Следно

Прв потврден случај на мајмунски сипаници во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian