ПСЖ го пронајде наследникот на Покетино, тоа е тренерот кој со Лил им ја „украде“ титулата

1 min read

Францускиот шампион ПСЖ наскоро треба да ја заврши потрагата по наследникот на Маурисио Покетино и изненадувачки тоа не би требало да биде Зинедин Зидан туку тренерот на Ница, Кристоф Галтие.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, денеска потврди дека и Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома за да се пресели во ПСЖ, туку новиот спортски директор на „светците“ Луис Кампос го сака Галтие.

Кристоф Галтие е доктор за ПСЖ: Лани им ја зеде титулата, а сезонава со Ница не прими гол на три натпревари

Луис Кампос добро ги знае тренерските квалитети на Галтие бидејќи три години заедно работеа во Лил и успеаја во 2021 година да ја освојат титулата во Лига 1 пред ПСЖ.

Потоа Галтие го напушти Лил и се пресели во Ница каде продолжи да бележи одлични резултати и за ти бода не успеа да обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Згора на тоа, Галтие со

Ница минатата сезона во трите натпревари против ПСЖ, во првенството и Купот, не загуби ниту еднаш, а притоа не им дозволи на ѕвездите на „светците“ да постигнат ниту еден гол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РФМ и ЕХФ му заблагодарија на „големиот“ Кирил Лазаров

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Метју Меконахи ги покажа зелените патики на убиеното девојче во Белата куќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian