Прв потврден случај на мајмунски сипаници во Грција

1 min read

Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми карактеристични за болеста.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба.

Објаснуваат дека првичниот тест спроведен во Централната лабораторија за јавно здравје на ЕОДИ за „non-variola orthopox”, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел” во Солун за потврда на вирусот.

Во соопштението од ЕОДИ додаваат дека до 7 јуни се регистрирани вкупно 577 случаи во 18 европски земји, како и 437 случаи во 10 земји вон Европа и посочуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Регистрирана фондација „Заев – Едно општество за сите“, основачи се Зоран и Вице Заеви

Следно

Белгија ја прегази Полска, Холандија во судиското продолжение дојде до победа над Велс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian