Францускиот репрезентативец Пол Погба пред да потпише за Јувентус, направил тајни лекарски прегледи, објавија италијанските медиуми.
Погба во Јувентус ќе пристигне како слободен играч бидејќи договорот со Манчестер јунајтед му истекува на крајот од месецот.
За него интерес пројавија и Реал Мадрид, ПСЖ, Челси и Манчестер сити, но Погба одлучи да се врати во Јувентус каде ги имаше најдобрите четири години во кариерата (2012-2016).
Според „Тутоспорт“, Пол Погба ќе потпише тригодишен договор со Јувентус со опција да се продолжи на уште една година, а се очекува да има плата од 8 милиони евра плус бонуси.
Погба го напушти Јувентус во 2016 година и замина во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра, а сега се враќа во Торино без отштета.