Петков му одговори на Трифонов: Спремни сме за малцинска влада

2 mins read

Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидерот на коалициската партија „Има таков народ”.

Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете”.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.

Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените” и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

– Малцинска влада во овој случај е подобра од влада која се обидува да дојде до дополнителни пари, запира законодавните реформи и се запира најважната антикорупциска организација кога имаме таков кандидат за министер како Бојко Рашков, изјави Кирил Петков.

Тој објасни дека на денешната владина седница на која се разговарало за ажурирање на буџетот, министерот за регионален развој Гроздан Караџов, кој е од „Има таков народ”, побарал невидено зголемување на буџетот на неговиот ресор за 3,6 милијарди лева.

– Во ова ажурирање тој побара дополнителни 3,6 милијарди лева да им бидат исплатени на истите компании кои беа под истрага од министерот Бојко Рашков за злоупотреби во последните неколку години. Кога рековме дека ова ажурирање е за зголемување на пензиите, помош на работните семејства и намалување на цените на бензините и дизелот, како и елиминирање на ДДВ за лебот, добивме одговор дека нема да се согласат, додаде Петков.

Претходно, Трифонов најави повлекување на министрите од таа партија кои се во владата поради две причини.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената” не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој.

Слави Трифонов ја напушта коалицијата на Петков: Ставам крај на оваа агонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Посветено ги реализираме проектите од програмата за модерно Скопје

Следно

Ливерпул ја одби и втората понуда на Баерн за Садио Мане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian