Перез ќе прави голем ремонт во Реал Мадрид, девет фудбалери го напуштаат европскиот шампион

1 min read

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се подготвува за новата сезона во која ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите и во Ла Лига, и планира да направи голем ремонт на екипата. Според весникот „Марка“, Перез одлучил да се ослободи од дури девет фудбалери и потоа ќе размислува за дополнителни засилувања.

Од порано се знаеше дека Марсело, Иско и Герет Бејл си заминуваат од „Сантијаго Бернабеу“, а сега уште шест играчи се очекува следната сезона да играат за друг клуб.

Резервниот голман Лунин сака да има поголема минутажа, нешто што не може да го добие покрај Тибо Куртоа и затоа следната сезона ќе биде испратен на позајмица. Тој е единствениот играч од прекубројните што нема да биде продаден.

Нов клуб ќе мое да си бараат Лука Јовиќ, Марселино Дијаз, Дани Себалос, Маркос Асенсио и Дани Ваљехо.
Перез очекува највеќе пари да заработи од продажбата на Асенсио кој е проценет на 40 милиони евра и за него интерес пројавуваат неколку премиерлигаши и екипи од Серија А.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска повикана во полиција за случајот со запалениот автомобил на директорката на ССК

Следно

Што им носи ретроградниот Сатурн во Водолија на сите хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian