Пелистер застана во одбрана на навивачите: „Чкембари“ не беа виновни за инцидентот

1 min read

Управата на финалистот во кошаркарскиот плеј-оф, Пелистер застана зад своите навивачи „Чкембари“ кои вчера се степаа прво со редарите, а потоа и со полицијата.

Третиот натпревар од финалето во домашното првенство што се играше вчера во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, беше прекинат десетина минути бидејќи гостинските навивачи направија инцидент, се степаа со полицијата.

Денеска управата на Пелистер, излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Соопштение до јавноста, во врска со инцидентот што се случи на трибините за време на натпреварот помеѓу КК МЗТ – КК ПЕЛИСТЕР

Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.

Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.

Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.

Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка.

Со Почит
КК Пелистер

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Осум лица, меѓу кои и малолетник, уапсени во Скопје

Следно

ФОТО | Поради него го остави сопругот, а тој се самоуби: Принцезата Марта Лиуз се сврши со самопрогласениот шаман

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian