Палачинки со кокос и јагоди, незаменлива комбинација за летните денови

1 min read

Љубителите на кокос не мораме премногу да ги убедуваме да го пробаат овој рецепт за палачинки. Палачинки со кокос се вистинската комбинација на вкусови за летните денови!

Состојки:

– 100 г кокос

– 5 јајца

– 2 белки

– млеко

– 1 лажица кокосово масло

– 1 банана

– цимет по желба

– половина лажичка засладувач (стевија)

Подготовка:

Во сад измешајте ги јајцата, кокосот, циметот, бананата и засладувачот (на пример, стевија), па сè убаво измешајте во блендер додека не добиете компактна смеса.

Додаjте растопено кокосово масло, а по потреба сипете и малку млеко за да ја добиете саканата густина.

Печете како класични палачинки и филувајте со џем од јагоди или малини.

На здравје!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Погба е подготвен за кам-бек во Јувентус, имал тајни лекарски прегледи

Следно

Социјалните претпријатија – спас за луѓето кои живеат „на работ“ на егзистенцијата

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian