Осум лица, меѓу кои и малолетник, уапсени во Скопје

1 min read

Во текот на денешниот и вчерашниот ден МВР апсеше за дрога во Скопје на повеќе локации. 

На 07.06.2022 во 22.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.К.(27), Д.П.(31), В.С.(25) и А.С.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

На 07.06.2022 во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 На 08.06.2022 во 01.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 07.06.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 08.06.2022 во 01.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Џ. (19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Меџити: Милион денари за загинат од ОНА, милион за загинат бранител или нема поддршка

Следно

Пелистер застана во одбрана на навивачите: „Чкембари“ не беа виновни за инцидентот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian