„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: Го посветуваме на нашите две мајки

1 min read

Вчеравечер момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“.

Албумот се состои од девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус.

„Некст Тајм“ заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните на промоцијата изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната позната преработка – „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.

„Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија“, рекоа тие на промоцијата.

По завршување на официјалниот дел, Стефан и Мартин останаа да се дружат со своите гости, па речиси час и половина тие се фотографираа и потпишуваа цедиња.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул ја одби и втората понуда на Баерн за Садио Мане

Следно

Судската одлука за „Талир 2“ е политичка, ВМРО не е имотот, туку народот – вели Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian