Мицотакис: Во последната деценија на економска криза има 450.000 помалку Грци

2 mins read

За време на десетгодишната економска криза, се проценува дека Грците се намалиле за 450.000 луѓе, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на конференција посветена на демографското прашање , јави дописничката на МИА од Атина.

Осврнувајќи се на податоците рече дека постои негативен биланс на новородени и починати, но и дека не треба да се заборават и стотиците илјади граѓани кои заминале во странство, а генерално се млади лица.

-Веќе една деценија, од 2011 година, населението во нашата земја се намалува. Во последниве години, раѓањата се многу помалку од смртните случаи. А во тешката деценија низ која поминавме, деценијата на економска криза, намалувањето на Грците се проценува на 450.000 луѓе. Оваа бројка во голема мера се припишува на негативниот биланс на раѓања и загуби. Да ве потсетам дека демографите ни укажуваат дека за да се одржи стабилна популација на една земја, просечното раѓање, просечниот број на раѓања мора да биде околу 2,1 отсто. Ние сме малку под 1,4 проценти, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер спомена дека пред 50 години, во 1962 година, само осум отсто од населението било над 65 години, а 26 проценти под 14 години, додека пак сега, 23 проценти од популацијата е над 65 години, а само 14 проценти под 14 години,

Истакна дека ова значи дека земјата старее, доцни во обновувањето и постепено се намалува населението.

-Во 2050 година, нашата земја ќе има помалку од девет милиони жители, а еден од тројца ќе биде над 65 години, посочи грчкиот премиер.

Потенцираше дека потребни се конкретни чекори од државата, а како пример ги спомена владините мерки за brain drain, олеснувања за младите парови кои планираат да имаат деца, олеснувања за родителите итн.

Иззвор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карпош ќе добие мобилна апликација за мерење на аерозагадување и алергенси

Следно

Погба е подготвен за кам-бек во Јувентус, имал тајни лекарски прегледи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian