Ливерпул е пред сензационален трансфер, се договори со Нуњез

1 min read

Англискиот и европски вицешампион Ливерпул е на добар пат да го направи трансферот на летото и на „Енфилд“ да го донесе еден од најбараните напаѓачи во моментов, Дарвин Нуњез.

Ливерпул успеа да ги договори личните услови со уругвајскиот репрезентативец и веднаш испрати понуда до Бенфика. Според англиските медиуми, управата на „црвените“ до Бенфика доставиле понуда тешка 80 милиони евра плус 20 милиони во бонуси.

Се очекува Бенфика брзо да одговори и најверојатно ќе ја прифати понудата бидејќи сумата е идентична на таа што португалскиот тим ја бара уште од стартот, 100 милиони евра.

Бонусите засега не се познати, но медиумите шпекулираат дека станува збор за број на постигнати гилови голови и на освоени клупски и индивидуални трофеи.

Доколку дојде до договор меѓу Ливерпул и Бенфика, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на англискиот тим и ќе го собори рекордот на Вирџил ван Дајк кој во 2018 година пристигна на „Енфилд“ од Саутемптон за сума од 84 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Судската одлука за „Талир 2“ е политичка, ВМРО не е имотот, туку народот – вели Мицкоски

Следно

„The Simpsons“ ja предвидуваат иднината повеќе од 30 години: Што велат за 2022?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian