Ливерпул ја одби и втората понуда на Баерн за Садио Мане

1 min read

Англискиот и европскиот вицешампион Ливерпул денеска ја одби и втората понуда на Баерн Минхен за Садио Мане.

Германскиот шампион денеска понуди 30 обесштетување од 30 милиони евра за одличниот напаѓач, но беше експресно одбиена од Ливерпул.

Понудата вклучуваше и бонус од 6,5 милиони фунти во случај Баерн три пати да триумфира во Лигата на шампионите, како и Мане три пати да ја освои Златната топка за најдобар стрелец.

Ливерпул го проценува Мане на 42 милиони фунти, сума која ја плати за да го донесе сенегалскиот репрезентативец од Саутемптон, иако неговиот договор истекува идната година.

Англискиот тим вчера ја одби првата понуда на Баерн која изнесуваше 21 милион фунти и бонус од четири милиони доколку германскиот тим триумфира во Лигата на шампионите.
Баерн веќе ги договори личните услови со Мане кој би требало да потпише тригодишен договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков му одговори на Трифонов: Спремни сме за малцинска влада

Следно

„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: Го посветуваме на нашите две мајки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian