Инфлацијата во Албанија највисока во последните две декади

1 min read

Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец мај условувајќи инфлација од 6,7 отсто, што е највисока стапка во последните две декади, пренесува Топ чанел.

– Главните групи кои имале најсилно влијание на инфлацијата во месец мај се храната и транспортот, каде се вклучени и зголемените цени на горивата, по што доаѓаат наемнините за стан и електричната енергија, кои се многу поскапи споредено со истиот месец минатата година, додава истиот извор.

Цената на енергијата за бизнисите на слободниот пазар пораснала за трипати споредено со мај минатата година, 60 отсто за бизнисите со среден напон, но е непроменета за домаќинствата и малите бизниси.

Голем раст е забележан кај цените на горивата а по вчерашната одлука цената на дизел горивото достигна историски рекорд од 258 леки( 2,1 евро).

– Централна банка на Албанија зголеми основната каматна стапка со цел да се справи со инфлацијата, но оваа мерка сеуште не дава знаци на запирање на инфлацијата, додека нивото на новите кредити или парите кои циркулираат постојано растат, додава телевизијата.

Инфлацијата во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски на крајот на самитот во Охрид: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти

Следно

Димитриевски: На секој натпревар очекувам да имам чиста мрежа, ниту дуелот со Грузија не е исклучок

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian