ФОТО+ВИДЕО: Протест во Битола, се бара слобода за Ламбе Алабаковски

1 min read

„Слобода за Ламбе“, „Смрт за фашизмот“, „Да живее Македонија“. Со овие зборови и пароли околу 1.500 Битолчани пред малку го започнаа протестот за слобода на Ламбе Алабакоски од плоштадот пред управата на полицијата во градот. По одржаниот говор на организаторите од Левица во кој се побара ослободување на Ламбе, отповикување на бугарскиот амбасадор во земјава, целосно отстранување на клубот Ванчо Михајлов, но и прекинување на разговорите со Бугарија околу јазикот и историјата. Насобраните граѓани се упатија во КПД каде Алабаковски е притворен.

Дел од граѓаните кои излегоа на протестот изјавија дека Ламбе направил херојски чин, потоа, дека го направил истото она што го „направиле партизаните во Втората светска војна“, а дел од граѓаните велеа дека Алабаковски направил нешто што секој Македонец требало да го направи. Дел од нив сметаат и дека Владата е принудена да го апси.

Она што беше забележано од репортерската екипа на Слободен печат е дека насобраните граѓани, носеа црвени знамиња, партиски обележја на Левица, пароли транспаренти со натписи Смрт на Фашизмот слобода за народот, предавници како и старото државно знаме.

Насобраните граѓани околу 18:30 часот од пред зградата на полицијата во градот се упатија до затворот во кој Ламбе го издржува осумдневниот притвор.

Алабаковски се товари за кривичното дело општа опасност, за што најмалата затворска од шест месеци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Метју Меконахи ги покажа зелените патики на убиеното девојче во Белата куќа

Следно

Милевски: Македонија ќе се прашува за резултатот во дуелот со Грузија 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian