ФОТО+ВИДЕО | Метју Меконахи ги покажа зелените патики на убиеното девојче во Белата куќа

3 mins read

Американскиот актер Метју Меконахи вчера во Белата куќа зборуваше за пукањето во родниот град Увалде, град во Тексас, во кој во основно училиште беше убиено 21 дете, за употребата на оружје во Америка, како и за неопходните реформи во законот.

Во својот емотивен говор, кој траел 22 минути, Меконахи, пред сè, го повикал американскиот Конгрес да усвои реформи околу оружјето кои можат да спасат животи, а не мора да ги прекршуваат правата од Вториот амандман.

„Сакаме безбедни училишта и сакаме закони за оружје коишто на лошите луѓе нема да им дозволат така лесно да го добијат проклетото оружје“, рекол Меконахи, кој и самиот поседува оружје.

Зборувал и за растењето во Увалде, каде мајка му, како што вели, предавала во градинка, а научил и за „одговорностите што доаѓаат со поседувањето оружје“.

„Увалде е место каде што ме научија да ја почитувам моќта и способноста на оружјето што го нарекуваме пиштол. Увалде е место каде научив одговорно да поседувам оружје“, рекол тој.

Меконахи зборувал и за жртвите и нивните лични животи и соништа. Во еден момент покажал зелени патики „конверс“ кои припаѓале на една од жртвите, девојчето по име Мајти Родригез, кое сакало да биде морски биолог и кое на патиките нацртало мало срце кое ја претставувало нејзината љубов кон природата.

„Ги носеше секој ден. Зелени патики. Со срце над десниот палец. Истите зелени патики беа единствениот доказ што овозможи таа да биде идентификувана по пукањето“, рекол Меконахи.

Актерот бил придружуван од сопругата Камила Алвес, која се расплакала во текот на говорот, додека во скут ги држела зелените патики од убиеното девојче.

Бајден по масакрот во Тексас побара од нацијата да застане на патот на лобито за оружје

ВИДЕО | Масакр во училиште во Тексас: Ученик уби 19 деца и двајца возрасни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПСЖ го пронајде наследникот на Покетино, тоа е тренерот кој со Лил им ја „украде“ титулата

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Протест во Битола, се бара слобода за Ламбе Алабаковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian