Голманот на македонскиот национален тим Столе Димитриевски очекува триумф на фудбалската репрезентација на Македонија над Грузија во Лигата на нации.
Голманот на Рајо Ваљекано се надева дека ќе успее да ја зачува недопрена сопствената мрежа против Грузија со што Македонија би се искачила на лидерската позиција на табелата во групата 4 во дивизијата Ц.
– За секој натпревар се подготвувам и очекувам да имам „чиста мрежа“. Тој е мој принцип кога ќе влезам во секој натпревар. Грузија е одличен тим и имаат голем напредот од нашиот последен меѓусебен натпревар. Даваат многу голови но и ние може да дадеме голови бидејќи создаваме многу шанси. Мислам дека утре ако ја сочувам мрежата, ќе го добиеме натпреварот – рече Димитриевски на прес-конференцијата.
Одличниот голман потенцира дека е среќен секогаш кога игра на домашен терен пред македонските фанови.
– Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка до сега. Со нивната подршка и нашиот план и квалитет верувам дека ќе стигнеме до победа над Грузија.