Борел до Вучиќ: Србија е искрен кандидат и сигурен европски партнер

1 min read

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ рекол дека сака да смета на Србија како на искрен кандидат и сигурен европски партнер со заеднички принципи и вредности, безбедност и просперитет.

Борел на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал и за „важната работа која е пред ЕУ и Западен Балкан”.

Според него, тема на разговорите биле регионални прашања, Босна и Херцеговина, како и важноста на претстојните избори што ќе се одржат во земјата на 2 октомври.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенечката амбасада организира акција за чистење на парк шумата во Гази Баба

Следно

Нова пандемија е неизбежна: Лекарите откриваат како да се подготвите, а можеби и да ја спречите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian