Амбер Херд одговори на тикток-видеото на Деп: Додека одите напред, правата на жените одат назад

6 mins read

Џони Деп вчера си отвори профил на платформата „ТикТок“ на кој наскоро го објави своето прво видео, заблагодарувајќи им се на своите обожаватели за поддршката во текот на изминатите два месеци.

„До сите мои драгоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи – бевме насекаде заедно, видовме сè заедно. Заедно одевме по ист пат. Заедно ја направивме вистинската работа, а тоа е затоа што се грижите. И сега сите заедно ќе одиме напред“, напиша тој во видеото.

 

@johnnydeppTo all of my most treasured, loyal and unwavering supporters. We’ve been everywhere together, we have seen everything together. We have walked the same road together. We did the right thing together, all because you cared. And now, we will all move forward together. You are, as always, my employers and once again I am whittled down to no way to say thank you, other than just by saying thank you. So, thank you. My love & respect, JD♬ Stranger – Love Joys

Набргу потоа, Амбер Херд преку својот портпарол одговори на видеото на Деп.

„Додека Џони Деп вели „одиме напред“, правата на жените одат наназад“, истакна таа, пренесуваат странските медиуми. „Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да застанат за себеси и да проговорат“, додаде Херд.

„Разочарувањето што го чувствувам е невозможно да се опише“

Да потсетиме, по пресудата изречена на 1 јуни, Херд објави дека е многу разочарана од развојот на ситуацијата.

„Разочарувањето што го чувствувам денес е неописливо. Скршена сум поради тоа што планината докази и понатаму не беа доволни да се спротивстават на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг. Уште повеќе сум разочарана од тоа што оваа пресуда значи за другите жени. Тоа е назадување. Го враќа часовникот во времето кога жената што проговорила може јавно да биде посрамотена и понижена. Тоа ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно. Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги занемари доказите кои беа толку убедливи така што победивме во Велика Британија. Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото што мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, стоеше во соопштението на Амбер.

Пресудата беше прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија, САД а Џони Деп не беше на соопштувањето на пресудата затоа што бил во Велика Британија поради бизнис. Поротата пресуди дека Амбер Херд мора да плати отштета од 15 милиони долари за клевета во написот објавен во „Вашингтон пост“, во кој таа тврди дека била жртва на семејно насилство.

Фото: ЕПА/Профимедиа

Нема да може да му ги исплати парите на Деп?

Адвокатката на Амбер, Елејн Бредехофт, рече дека актерката не може да ја исплати отштетата на Деп, а според извори на „The Post“, Амбер била скршена поради високите правни трошоци поврзани со судењето. Неколку извори велат дека таа морала да ги смени своите застапници и сега се потпирала на полисата за осигурување на домот за да ги покрие трошоците за нејзините адвокати во случајот. Трошоците за нејзината адвокатна претежно биле подмирени од „The Travelers Companies“ според полисата за осигурување на актерката, велат изворите. Правните експерти велат дека користењето полиси е вообичаено во случаите на клевета.

За случајот повторно да се отвори, актерката веројатно ќе треба да докаже дека имало пропусти во судењето или дека имало проблеми со толкувањето на законот од страна на судијата. Жалбата може да се заснова и на нови докази или сведоштва што ќе се појават по завршувањето на првото судење.

Деп може да бара запленување на имотот на неговата поранешна сопруга

Нето богатството на актерката се проценува помеѓу 1,5 и 2,5 милиони долари, според „Celebrity Net Worth“, што е далеку од она што таа му го должи на Деп. За време на шестнеделното судење, Херд и неколку сведоци сведочеа дека актерката можеби нема да може да му плати на поранешниот сопруг. Деп сепак би можел потенцијално да ги побара парите што ги заслужува од приходите за претстојни филма на Херд, одземање на нејзиниот имот или дури и одземање на нејзиниот дом во долината Јука во Калифорнија, велат експертите.

 

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби: САД и ЕУ го поддржуваат „Отворен Балкан“

Следно

Меџити: Милион денари за загинат од ОНА, милион за загинат бранител или нема поддршка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian