Зеќири е на Инфективна – го примиле со сомнеж за труење, ден пред судот да му го продолжи притворот

1 min read

Од затворот во Шутка за Телма потврдиле дека поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вчера бил префрлен на Инфективната клиника во Скопје откако неколку дена претходно побарал да биде префрлен во болница. Судот одобрил трансфер на Зекири поради сомнежи за евентуално труење.

Од затворот одговориле дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зеќири не е префрлен во арестантското одделение наменето за притвореници и осуденици, туку е однесен на Инфективната клиника.

Од кривичниот суд за Телма велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје, во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.

Инаку на Зеќири денеска судот, третпат по ред му го продолжи притворот на дополнителни 30 дена. Зеќири е осомничен дека како поранешен генерален секретар на владата извршил злоупотреба со исплата на средства за кампања на хрватска фирма во зделка договорена без тендер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Семејството на писателот кој бил инспирација за „Top Gun“ ги тужи „Paramount Pictures Studios“

Следно

Кривокапиќ: Лавров можеше да отпатува во Белград со воз, тие не се забранети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian