Денеска е првиот ден од иницијативата „Отворен Балкан“. Во Охрид се присутни голем број на регионални новинарски екипи. Првиот ден е најавено учество на повеќе министри, регионални соработници, јавува за Утрински брифинг, новинарот Дејан Србиновски.
-Во попладневните часови најавено е доаѓање на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Аlбанија Еди Рама, како и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Интересно е што на овој „Отворен Балкан“ ќе имаме гости како црногорскиот премиер Абазовиќ, како и претседателот со Советот на министри од БиХ, Теглетија, соопшти Србиновски.
Според агендата, утре се предивдени официјални обраќања на самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи и заменик поошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
-Во текот на утрешниот ден се очекува и вклучување на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, којшто заедно со американскиот пратеник за Евроазија и Европа, Ескобар, ќе ја поздрават иницијативата „Отворен Балкан“ пред присутните гости, јавува Србиновски.