ВИДЕО: Сите ракометари на Нант го исратија „кралот“ Кире во пензија

1 min read

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров денеска и официјално објави крај на богатата кариера која траеше 25 години. Лазаров веста за пензионирањето ја објави на прес-конференција во Нант, на која беа присутни сите негови соиграчи.
До официјалното закачување на патиките на клин, Лазаров треба да одигра уште два натпревари и тоа во дресот на Нант, едниот во француското првенство, а вториот во финалето на националниот куп по што целосно ќе се посвети на тренерската кариера.
Лазаров е селектор на македонската ракометна репрезентација, а на прес-конференцијата најави дека е можно во иднина да работи и во некој клуб.
Целата прес-конференција може да ја погледнете тука:

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повреден градежен работник при изградба на објект во Општина Центар

Следно

Семејството на писателот кој бил инспирација за „Top Gun“ ги тужи „Paramount Pictures Studios“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian