ВИДЕО | Ракун обожава пилешки медалјони: Можам да го гледам цел ден

1 min read

Ракуните се познати „јадачи“ во животинскиот свет. Овие слатки животни сакаат сè, од јаткасти плодови и овошје до риби, па дури и помали цицачи. И ако им се укаже шанса, ќе се обидат да украдат неколку залаци и од луѓето.

Но, овој ракун е посебен. Секој ракун има омилена храна, а овој е „навлечен“ на пилешки медалјони.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи симпатичната женка по име Кристал ужива додека жената ја храни со нејзиното омилено уживање.

„Ова е Кристал која ја јаде својата омилена храна, пилешки медалјони. Таа обожава да јаде пилешки медалјони. Тоа беше за ручек денес“, вели жената во видеото.

Луѓето во коментарите беа воодушевени од слаткото животно и беа изненадени од звукот што го создава додека јаде.

„Како тоа ракуните го создаваат тој звук што ја прави храната уште повкусна отколку што е?“, „Ако човек џвака вака, веднаш би го избркале од просторијата, но овој ракун би можела да го гледам како јаде цел ден“, се дел од коментарите под видеото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кејн со гол од пенал ги спаси Англичаните од пораз во Минхен

Следно

На Алабаковски му е определен осумдневен притвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian