ВИДЕО | Митрески: Опозицијата ја крева тензијата до даска до протестите на 18 јуни, но зацртаното не им успева до крај

3 mins read

По пропаѓањето на иницијативата за интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери за неетичкото однесување кон административните работници во законодавниот дом, опозицијата ја продолжува блокадата која ја најави пред еден месец.

-Ова сега што се случува е континуитет на тоа што се случуваше и претходно само што сега и официјално е потврдено, блокада на Собранието. Движењето во процедурите е успорено, минатата недела два дена усвоивавме дневен ред, што пак дополнително ја успорува работата. Колегите од опозицијата на последните две координации не присуствуваа инаку до тогаш редовно бевме во комуникација. За односот на Џафери кон административците во Собранието јас ситуацијата ја делам на две работи, едно е тоа што беше пренесено во медиумите, а второто е тоа што се случува во Собранието. Ние на вчерашната комисија немавме време за театар во Собранието и да враќаме некои сцени од минатото и сметаме дека нема време за губење во однос на такви случувања и конечно да излеземе од таквиот начин на функционирање, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Тој додава дека бавно тече комисиската расправа за избор на уставните судии, прашање кое е клучно за нормално функционирање на Уставниот суд.

-За изборот на уставни судии не е пропишана процедура со која тие се обврзуваат да се претстават самите пред пратениците и пред јавноста. Целото искуство покажува дека се што не е пропишано во Собранието создава потоа проблеми во функционирањето на Законодавниот дом, вели Митрески.

Во заднината на сите овие опструкции се постојано кревање на тензија до најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни, смета координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието.

-Заклучување на вратите во собранието имало и претходно и тоа е запишано и во собраниските стенограми. Мислам дека опозицијата намерно ја крева тензијата до одржувањето на закажаниот протест до максимум. Мислам дека опозицијата не успева до крај да си го оствари зацртаното бидејќи и кај нив се гледа тензија дека работите не им се одвиваат како што посакуваат, рече Митрески.

Тој не очекува опозицијата да ја блокира седницата на која ќе се донесува ребелансот на буџетот:

-Околу донесувањето на ребалансот на буџетот не очекувам блокада бидејќи тоа би било преризично и за опозицијата бидејќи со него меѓу другото се предвидува и зголемувањето на платите на работниците, новите мерки за справување со кризата, ситуацијата е пресериозно и ако го блокираат тоа, дури тогаш ќе го навлечат бесот на народот, вели за Утрински брифинг координаторот на пратеничката група на СДСМ во парламентот, Јован Митрески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Плукната“ на татко ѝ: Меган и Хари објавија фотографии од првиот роденден на Лилибет

Следно

Шведската влада најверојатно ќе го преживее гласањето недоверба на министерот за правда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian