Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, денеска кусо по пристигнувањето во Охрид, каде учествува на самитот на Отворен Балкан како набљудувач, одговори на неколку прашања на „Слободен печат“ околу иницијативата и евентуалното членство на Црна Гора.
Абазовиќ, кој на функцијата стапи пред само неколку недели, вели дека Отворен Балкан не е замена за Европската унија, туку може и да го забрза процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон Унијата.