Василев: Бугарија ги доби првите количества течен гас од САД

2 mins read

Бугарија го доби првиот танкер со американски течен гас, соопшти бугарското Министерство за енергетика. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев соопшти дека американскиот течен гас пристигнал и порано од планираното. Неговото истоварување почнало и од денеска Бугарија ќе може да го користи. Растоварувањето на течниот гас од САД ќе трае 18 часа.

Околу Бугарија има терминали во Грција и Турција.

Според бугарскиот енергетски експерт Васил Начев, течниот гас пристигнал на терминал во Турција, а не според очекувањата на терминал во Грција.

-Бугарија и Туркије имаат привремен договор, бидејќи немаме постојана интерконекција, додаде тој.

Грција има четири точки каде е можно да се истовари течниот гас, да полни и да се испумпува.

Големото прашање, според Начев, е дали цената на природниот гас во Бугарија ќе падне. За јуни бугарската државна компанија за гас Булгаргаз предложи цената на снабдувањето со гас да биде 141,28 лева (70,51 евра), што е за околу 20 лева (10 евра) поевтина од мај.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, американскиот гас за Бугарија е договорен за време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон по неговиот разговор со американската потпретседателка Камала Харис и голем број високи експерти и претставници на американската државна администрација. Ова се случи откако Русија еднострано ја прекина испораката на гас за Бугарија, откако земјата одби да плати во руски рубљи, бидејќи постои заедничка одлука на ЕУ да ги исполни договорите со Газпром во евра, како што беше договорено при нивното потпишување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот урбан парк пред Скопје Сити Mол блеска во полн сјај

Следно

Ангела Стојановска: Чувството да се биде толку многу различни луѓе во еден живот е ослободувачко

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian