Ударната вест на социјалните мрежи: „Аеродром е прва општина која избриша маркици“, соопшти Муцунски и најави паркови и образовни објекти

1 min read

Паркови и објекти наменети за граѓаните, наместо високи згради и узурпирање на зеленилото. Ваква одлука денес донесе советот на град Скопје, на предлог на општинската администрација од Аеродром. Иако падна во сенка на политички случувања, оваа вест предизвика голем интерес на социјалните мрежи. Граѓаните на Аеродром со пофалби и неверување ја дочекаа веста дека на местото на кое претходно било планирано да се градат згради, сега ќе никне голем парк и објекти наменети за образование.

– Промените во начинот на владеење во Аеродром се случуваат. Ја исполнуваме нашата заложба да продолжиме со хуманата урбанизација и да го оправдаме епитетот на прва општина што пренаменува маркици од згради во паркови и објекти од корист за сите граѓани, ова на својата фејсбук страна го напиша градоначалникот на скопската општина Аеродром.

– Две од маркиците на кои претходно беа планирани згради сега се претворени во земјиште на кое ќе има парк од 6000м2, додека останатите две од станбеноделовен простор стануваат објекти за образование, потенцираше Муцунски.

Тој додаде дека со одлуката на Советот за потврдување на нашата иницијатива, конечно ги создава правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на Спортскиот центар „Пирин“ во Населба Лисиче.

skopjeinfo.mk

Претходно

Клубот „Ванчо Михајлов“ беше отворен токму за да биде запален, вели Стојанче Ангелов

Следно

Лавров пристигна во Анкара, за утре закажана средба со Чавушоглу

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian