Ретроградниот Сатурн позитивно ќе влијае на 3 хороскопски знаци

3 mins read

И покрај негативното влијание на ретроградниот Сатурн, три знаци на Зодијакот ќе доживеат вртоглав успех од овој аспект. Нивната борбеност и низата победи можат да траат цело лето.

Сатурн го започна своето ретроградно движење на 5 јуни и завршува дури на 23 октомври. Астролозите наведуваат дека во овој период повеќето луѓе веројатно ќе се соочат со пречки во кариерата или финансиски проблеми. Иако Сатурн е планета на работа, трудољубивост, трпение, посветеност, кога тргнува наназад, сите овие големи квалитети можат малку да бидат послаби.

Голем неделен хороскоп (6-12 јуни): Вагите ќе бидат под притисок, Јарците ќе слушнат добра вест…

Според астролозите, периодот на ретрограден Сатурн не е поволен за некои големи или важни почетоци, како нов проект, инвестиции, задолжување, купување недвижен имот. Сепак, неговото негативно влијание може да се ублажи со поминување повеќе време со позитивни и блиски луѓе, со оние кои се спремни да ви помогнат и поддржат.

Ова е периодот кога треба да се заврши целата работа што е започната. Исто така, ова е добро време за обука, образование – сите лекции што ќе ги научите сега може добро да се искористат во есента 2022 година. Не бидете премногу самокритични, најмногу се учи од сопствените грешки.

И покрај негативното влијание на ретроградниот Сатурн, три знаци на Зодијакот ќе доживеат успех од овој аспект. Нивната борбеност и победнички дух може да трае цело лето – еве за кого станува збор:

Девица

Сатурн ги дарува оние кои вредно работат, така што родените во знакот Девица дефинитивно ќе добијат повеќе подароци. Девиците по природа се вредни, посветени и перфекционисти, а сега може да го добиете она што ви било ускратено во минатото. Иако Девиците нема веднаш да забележат дека многу работи им одат во прилог, особено оние на кои им недостига самодоверба, во текот на летото ќе сфатат дека го добиле тоа што го барале.

Јарец

Вашиот знак е омилен на Сатурн, а до октомври 2022 година ве очекуваат навистина големи промени. Ако останете смирени и продолжите да се движите со истото темпо како до сега, можете да ги надминете сите пречки на патот кон успехот. За вас започнува еден од најдобрите периоди во животот – искористете го мудро.

Вага

И покрај тешката енергија на ретроградниот Сатурн вие ќе почнете да ја чувствувате својата внатрешна сила. Ќе бидете инспирирани и ќе се чувствувате дека е време да го покажете целиот свој потенцијал на работа. Сатурн на овој хороскопски знак ќе му го олесни патот до пронаоѓање на својата сродна душа. Ве очекува романтично лето полно со познанства, а оние кои се во врска ќе имаат можност да го подобрат својот однос.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тен Хаг на управата на Јунајтед и предаде листа со пет имиња кои по секоја цена ги сака на „Олд трафорд“

Следно

Едвард Џозеф: Бугарската блокада е многу позитивна за Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian