Повреден градежен работник при изградба на објект во Општина Центар

1 min read

Кумановец вчера се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна болница во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен Б.К.(61) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, се наведува во соопштението на Министерството.

Како што посочуваат од МВР, известен бил Трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Денеска во Скопје изречени 33 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Следно

ВИДЕО: Сите ракометари на Нант го исратија „кралот“ Кире во пензија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian