Покетино: ПСЖ нема трпение, очајно сака да ја освои титулата во ЛШ

1 min read

Екипата на ПСЖ иако во своите редови ги имаше Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси во нападот, повторно разочара со настапот во Лигата на шампионите и мораше да се задоволи само со титулата во Лига 1, а цехот за неуспехот ќе го плати Маурисио Покетино.

Аргентинецот се очекува наскоро и официјално да добие отказ бидејќи челниците на ПСЖ се многу блиску до договор со Зинедин Зидан, и ги обвини „светците“ дека нема трпение со тренерите.

– Има доста шпекулации, секоја недела јас добивам отказ. За да работите во клуб како ПСЖ, треба да бидете одличен тренер, а јас по година и пол поминати во клубот, се сметам себе си за еден од најдобрите. Учам секој ден во соблекувална која е полна со големи ѕвезди. Нормално е дека екипите чија цел е освојување на Лигата на шампионите често да зборуваат за големи промени. Триумфиравме во Лига 1, како и Манчестер Сити во Премиер лигата. Пеп Гвардиола, Чики Бегиристајн и Феран Сориано добија доволно време да формираат тим. Ние веќе бевме блиску до освојување на Лигата на шампионите, а за таков проект е потребен мир и време – вели Покетино.

Тој истакна дека клубот очајно го посакува трофејот во Лигата на шампионите и затоа челниците носат избрзани одлуки.

– ПСЖ очајно сака да ја освои Лигата на шампионите, но управата нема трпение. Верувам дека ќе најдеме начин како играчите, тренерите и раководството на клубот да соработуваат – смета Аргентинецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Алабаковски му е определен осумдневен притвор

Следно

Трифонов: Северномакедонци, со омразата кон нас, се горите самите себеси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian