Општина Кисела Вода објави Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во јавните детски градинки и негуватели за стари лица

2 mins read

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”.

Истиот е дел од Програмата Општинско – корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода.

Преку него ќе се овозможи времено вработување на петнаесет негуватели во јавните детски градинки и пет негуватели за стари лица. Се работи за ангажман со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини и компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе добијат тримесечна задолжителна обука и шестмесечен работен ангажман.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество.

За кандидатите кои ќе бидат избрани, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Заинтересираните невработени лица пријавите за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да ги поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје во периодот од 07.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Кисела Вода и избраните кандидати. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ЦДЦ го крева нивото на тревога поради мајмунски сипаници

Следно

Три европски земји ги удвоија испораките на руска нафта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian