Општина Карпош поставува „репелент“ против змии во околината

1 min read

Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.

-Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација, велат од општина Карпош. 

Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината, како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар.

Од тие причини средството се поставува на неколку локации и тоа на потегот меѓу реката Вардар и булеварот Илиденска, во Трнодол, Жданец и долж Ловќенска 9, како и во училиштата, градинките и детските игралишта.

Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, велат надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Парк од над 30 илјади метри квадратни ќе се гради во Волково, градот донесе одлука

Следно

Скопјанец лажно пријавил разбојништво, ќе следува кривична пријава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian