Новиот урбан парк пред Скопје Сити Mол блеска во полн сјај

5 mins read

Го посетивме Скопје Сити Мол и на наше големо задоволство, нѐ пречека детски џагор токму од новиот атрактивен и уникатен парк кој се протега на 850 метри квадратни. Овој постор, внимателно уреден со зеленило и по светските стандарди за урбанистички решенија од ваков тип, веднаш ни го привлече вниманието, па решивме да дознаеме повеќе информации за истото.

Новиот парк, осмислен како место за собир, дружење и забава е дополнување на концептот на трговскиот центар – “сѐ што сакам“, на едно место. Мотивирани токму од потребата за поминување повеќе време на отворено, особено по сите случувања со ковид-19 пандемијата, Скопје Сити Мол одлучија на општината која е нивен дом да и подарат ново место за социјализација и дружење на различни генерации. Така, во паркот може да се најдат содржини за најразлични возрасти – од простор наменет за организација на настани од помал формат, места за седење, дружби и разговор, до простор наменет за слободна игра на различни генерации деца.  Збогатен со зеленило, цвеќиња и садници, новиот парк додава боја во сивата Скопска џунгла.

Разговаравме со случајни минувачи како го доживуваат паркот. Со нас споделија интересни видувања за тоа како овој простор го збогатил нивното секојдневие. За некој ова е место каде што може да се размени нова идеја, за некој простор за забава и игра, а за некој – инспирација.

“Речиси секој ден доаѓам тука. Особено околу 10 часот, пред или по пазарење. Често со сосетките се наоѓаме откако ќе испазариме, ем да одмориме малку, ем да размениме по некој рецепт.“ – сподели со нас тетка Милица (65 години). Нејзиниот сопруг (68 години) пак ни кажа дека е секогаш го посетува паркот со најдоброто друштво – “Секогаш кога ќе ни дојдат внуците на гости, прво одиме во паркот. Многу ги сакаат новите реквизити. Се забавуваат и играат, и најважно – не се пред телефон или пред компјутер. Запознаа и нови другарчиња па сега едвај чекаат да дојдат пак. Јас пак во меѓувреме ги набљудувам и читам весник“.

Се сретнавме и со Ања и Дејан, двајца средношколци кои споделија со нас дека обично доаѓаат на сладолед по часовите, а “главна шема“ сега било да се чекаш за излегување кај паркот. “Ни се допаѓа што се ни е на едно место. Ако сакаме да седиме надвор, имаме каде. Ако ни е жешко, пак имаме каде – во мол. И супер е што има доволно место за повеќе луѓе и простор каде што ќе се прават различни мали настани. Едвај чекаме да видиме што ќе има.“

Марија (34 години) беше во паркот со својата ќерка (5 години) и низ смеа сподели дека откако е паркот отворен, има “гооолема“ мака со ќерката.  “Искрено да ви кажам, многу ми се допаѓа, ама и беља ми направија. Стварно е сѐ супер, ама отвораме очи и прво што се спомнува е паркот. И обавезно, откако го пуштија ден не проаѓа без да дојдеме. А и мене ми е добро опуштање. Со другарките се наоѓаме тука, се присетуваме кога ние бевме деца, се смееме и се радуваме на дружбите на нашите деца кои иако не се врсници, некако баш тука се споија и почнаа да се дружат повеќе.“

Арбер (9 години) е чест гостин во новиот парк. Беше многу возбуден и ни кажа дека највеќе сака да се качува на големата кула. “Многу ми се допаѓа паркот. Иако е скоро отворен, запознав многу нови другарчиња. Со другарите од маало највеќе сакаме да се качуваме на кулата и да се лизгаме на лизгалката“.

Додека шетавме низ паркот, она што нѐ изненади беа група деца кои уживаа во акустичната изведба на музика од две деца од своето друштво.

За крај, она што можеме да го заклучиме е дека како лидер во трговската понуда, Скопје Сити Мол внимава на светските трендови во развојот на трговијата и се грижи за своите посетители. Овој трговски центар умешно ги препознава барањата на своите посетители, истовремено грижејќи се за заедницата и идните генерации.

skopjeinfo.mk

Претходно

Шведската влада најверојатно ќе го преживее гласањето недоверба на министерот за правда

Следно

Василев: Бугарија ги доби првите количества течен гас од САД

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian